Во битолски „мерцедес“ полицијата заплени „хашиш“

0
689

На 26.09.2017 година во 16.30 часот на крстосницата за с.Меџитлија, од страна на полициски службеници од Полициска станица за Граничен премин и Граничен надзор „Меџитлија“ било запрено патничко возило „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.Н. (55) од Битола.  Како сопатничка во возилото била затекната Е.Б. (51) од Република Албанија. Полициските службеници извршиле преглед кај Е.Б. при што била пронајдена една најлонска ќеса со непозната растителна материја и една алуминиумска фолија со непозната растителна материја за која се изјаснила дека е опојна дрога „хашиш“ која ја користела за намалување на болки затоа што боледувала од „канцер“. Е.Б. била приведена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Во 18.45 часот, лицето и пронајдените предмети биле предадени на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје Битола за понатамошна постапка.

Без коментари