Во близина на албанската граница пристигнаа првите бегалци

0
468
Првата поголема група бегалци пристигна блиску до албанската границата со Грција. Група од 162. бегалци, главно семејства со деца, која тргнала од пристаништето Пиреја, синоќа пристигнале во Коница, кај грчкиот пограничен град Јанина, на 12 километри од границата со Албанија,кај преминот „Три мостови“.
Станува збор за сириски државјани, кои грчките власти ги згрижиле во гиманзиската зграда во селото.
– Автобусите со сириските бегалци пристигнале околу 19 часот и биле пречекани од локалната власт на Коница, жители на селото, како и претставници на Црвен крст. Жителите веднаш им излегле во пресрет и ги помогнале со се што можеле, храна, облека и ќебиња.
Албанската полиција веќе го зајакна присуството на границата со Грција, а деновиве на албанските безбедосни сили треба да им се приклучат и италијански полициски експерти.