Во бомбардирање на сириските бунтовници на Алепо 23 мртви и 100 ранети

0
123

Најмалку 23 луѓе се убиени и повеќе од сто се ранети, од кои половината деца, во експлозиите на гранати во понеделникот врз населбите коишто се под контрола на силите на владата на сирискиот претседател Бапар ал-Асад во Алепо, најголемиот град во северна Сирија, јавија државните медиуми
„Терористите извршија масакр во Алепо, најмалку 23 луѓе се убиени, од кои седум се деца и стотина се ранети, од кои половината се деца. Една зграда се урна додека во неа имаше станари“, се вели во извештајот на државната сириска телевизија која ги обвинува сунитските бунтовници кои ја имаат поддршката на сунитските арапски земји од регионот и Турција, како и Западот.

Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SОHR) со седиште во Лондон, која западните медиуми кои ја поддржуваат сунитската ткн умерена вооружена опозиција ја земаат како релевантен извор од сириското боиште, јави дека загинале 13 луѓе, од кои две деца и дека сто се рането, од кои 20 се деца. Опсерваторијата наведува дека во текот на четирите часа биле истрелани повеќе од 250 гранати врз центарот на градот. Исто така, ја потврди веста за уривањето на станбената зграда.

Алепо, кој е инаку најголем град во земјата, е поделен од јули 2012 година на сектор под контрола на лојалистите кон претседателот Башар ал-Асад, христијани, шиити и либерални сунити, и опозициските сунитски вооружени сили кои ги држат источните населби. Бунтовниците од октомври 2014 година им се заканува опсада поради напредувањето на владините сили кои се обидуваат да ги спречат правците за снабдување.