Во бомбашки напади во Багдад 25 загинати, 70 повредени

0
221
Најмалку 25 лица загинаа, а 70 се ранети во два одделни бомбашки напада во Багдад, соопшти ирачката полиција. Цел на нападите биле воен пункт и деловниот дел на Багдад.
Нападите се случуваат во време кога ирачките сили се обидуваат да ги истераат екстремистите од Исламска држава од Фалуџа, нивното упориште западно од Багдад.