Во бомбашки напади во Нигерија убиени околу 30 луѓе

0
183

Во експлозија на бомба поставена на пазар во градот Јола во североисточна Нигерија, загинале најмалку 30 луѓе а десетици други се ранети, изјавија сведоци за агенциите, а уште осум војници се убиени во Мајдугиру.
Експлозивната направа за коишто некои сведоци велат дека била поставена на скутер, била детонирана околу 19 часот навечер, а кусо време претходно жена бомбаш самоубиец убила осум војници на контролен пункт во Мајдугури.

„Извлековме 32 теле и ги превезуваме во две болници“, изјавил телефонски за Reuters возач на возило на Брзата помош кој сакал да остане неименуван. Градот Јола е главен град на сојузната држава Адамава, на околу 704 километри североисточно од Абуџа.

Башар Малам, активист за човекови права, изјавил, пак, за AFP дека најмалку осум војници загинале кога напаѓач го активирал експлозивот во негово возило кога владините сили вршеле проверка во близина на воена база во градот Мајдагури во четвртокот навечер, околу 870 километри северно до нигериската престолнина Абуџа.

„Станува збор за многу смело изведен напад, бидејќи напаѓачот морал да избегне неколку контролни пунктови за да дојде до воениот објект“, додал Малам.

За двата напада сé уште никој не ја преземал одговорноста, но познато де дека вакви напади изведува исламистичката група Боко Харам, која од 2009 година води бунт во Нигерија обидувајќи се во североисточните делови, каде што е мнозинство муслиманското населени во речиси идентично религиски поделената земја, да воспостави калифат. Неодамна оваа група изрази лојалност на џихадистичката Исламска држава.

Овие бомбашки напади се последните во низата кои уследија по инаугурацијата на новиот претседател Мухамед Бухари минатата седмица, поранешен висок офицер муслиман кој дојде на местото од Гудлак Џонатан, кој беше христијанин.

Без коментари

LEAVE A REPLY