Во Бостон убиен маж осомничен за врски со IS

0
163

Полициски офицер и агент на Федералното биро за истраги (FBI) застрелале во вторникот во Бостон, во американската сојузна држава Масачусетс, млад маж за кој постојат сомневања дека бил под влијание на џихадистичката организација Исламска држава (IS) и оти претставува закана за заедницата.

Според сознанијата, неименуваниот 20-годишен маж бил под опсервација на FBI, чиј агент водел истрага за неговата можна поврзаност со Исламската држава, пренесува телевизиската мрежа NBC.

Истражителите се сомневале дека лицето посетува интернет страници коишто ги користат екстремистите, а бил и активен корисник на социјалните мрежи преку коишто Исламската држава ја шири својата пропаганда.

Според телевизискиот извештај, кога во вторникот претпладне по локално време полицискиот офицер и агентот на FBI се обиделе да му пријдат на осомничениот во еден кварт на Бостон, тој извадил нож и почнал агресивно да се однесува, игнорирајќи ги повиците да го фрли оружјето. Припадниците на безбедносните сили морале да отворат оган, при што е убиени младиот маж, пренесува NBC.

За инцидентот е отворена истрага. Според соопштението на властите на Бостон, во моментов во врска со овој инцидент нема никаква закана за безбедноста на жителите.