Во Брисел уапсени 12 лица

0
443

Во Брисел, по полициската рација во 40 домови ширум Белгија, уапсени се 12 лица поради сомнеж дека планирале нови напади, соопшти канцеларијата на федералниот обвинител.

Вкупно 40 лица биле приведени во полициската акција во текот на минатата ноќ, а 12 од нив се задржани. Извршени се претреси во куќи и гаражи во 16 општини, повеќето во Брисел и неговата околина.

Потврдено е дека во текот на операцијата немало никакви инциденти и не се откриени оружје и експлозивни направи, а дополнителни детали не се соопштуваат.