Во Бугарија уапсени петмина албанци со видеа од отсечени глави во телефоните

0
349

Петмина граѓани од Косово, во чии телефони имало фотографии на отсечени човечки глави, се приведени на граничниот премин “Ѓуешево” крај Ќустендил, соопшти БГНЕС. Од БНТ тврдат дека клиповите се рекламирање на терористичката организација “Исламска држава”.

Случајот е преземен од обвинителството. Притворот на петмината беше потврден од страна на директорот на РГС-Ќустендил Васил Митов. Според него за случајот се работи активно, но тој не сакаше да коментира повеќе.

Петмината приведени, кои се од Косово, понудиле поткуп на граничните полицајци. Тоа го испровоцирало полицајците да направат детална проверка.

Така во нивните мобилни телефони се пронајдени слики на отсечени човечки глави. Случајот е преземен од службеници на ДАНС, и е под надзор на Регионална обвинителство-Ќустендил.

Од БНТ изјавија дека петмината уапсени се државјани и на Албанија. Петмината беа уапсени во средата во реонот на село Грлјано, во близина на граничниот премин “Ѓуешево”.