Во Бутел напнато, три лица повредени

0
789

По краткотрајното мирно протестирање во скопската населба Бутел, двете групи, Албанците и Македонците, кои се разделени со кордон од полицајци, почнаа едни на други да фрлаат со камења и други тврди предмети. Три лица се повредени. Во Бутел и натаму е тензично. Полицијата ја контролира ситуацијата.

protesti_butel_gragjani3

Вечерва група Македонци се собраа на околу 500 метри од местото планирано за изградба на крст. Таа локација од вчера е окупирана од приврзаниците на ДУИ кои сметаат дека општинската одлука на Бутел за изградба на крстот е нелегална. Активистите на ДУИ од вчера кампираат на локацијата до кружниот тек во Бутел.

www.mkd.mk