Во четврток истекува рокот за барања за легализација на дивоградби

0
443

Пролонгираниот рок за поднесување барања за легализација на дивоградби истекува во четврток. Услов е објектот што е предмет на легализација да е изграден заклучно со 3-ти март 2011 година.

За новоподнесените барања рокот за доставување геодетски елаборати е до крајот на идната година. Пролонгирањето на рокот за доставување геодетски елаборат за една година беше направено со цел на граѓаните да им се остави простор да имаат време за достава на елаборатите кои се клучен документ во процесот на легализација, а на геодетските фирми полесно да ја вршат работата, велат од ресорот транспорт и врски. Се уште трае и можноста за социјално ранливите категории да добијат бесплатни елаборати.

Досега се изработени 5 илјади и 300 вакви документи. Од 2011-та година досега правен статус добија 147 илјади нелегално изградени објекти.