Во Демир Хисар доделени социјални станови

0
1145

Вкупно 25 социјални станови се распределени во Демир Хисар. Вкупно 52 семејства поднеле документација во Центарот за социјални работи за апликација за добивање на социјален стан во Демир Хисар.

На денешната преелиминарна распределба, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски истакна дека валидна документација доставиле вкупно 30 лица, што значи дека само овие 30 лица ќе бидат земени во предвид за распределбата на 25-те станови во овој град.

Министерот истакна дека преку системот на електронска распределба сите имаат еднакви шанси за добивање на социјален стан.

Социјалната зграда во Демир Хисар е изградена по ИСО стандардите следејќи ги принципите за енерегетска ефикасност. Закупнината на станбениот простор изнесува 15 денари по метар квадратен.