Во демирхисарско жена загина, петмина повредени

0
6891

На 02.07.2017 година во 04,05 часот на патот Битола – Кичево на 200 метри од излезот од село Лопатица кон Демир Хисар се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило марка “БМВ“ управувано од Н.Н. (37) од село Журче, демирхисарско, и трактор марка “ИМТ“ управувано од М.З. (41) исто така село Журче, демирхисарско. Од несреќата, поради тежините на повредите, М.М. (36) сопатник во тракторот починала на пат до битолската општа болница, додека пак М.С. (14), М.В. (63) сопатници во тракторот како и возачот на истиот М.З. се здобиле со тешки телесни повреди, но се надвор од животна опасност. Сопатникот во патничкото возило Н.М. (29) исто така се здобила со тешки телесни повреди, а кај возачот на “БМВ-то“ биле констатирани телесни повреди. На место на настанот извршен е увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола. Се работи на целосно расчистување на случајот.