Во Џуглата во Кале има уште 200 малолетници

0
294

И покрај информацијата од француските власти дека заврши чистењето на мигрантскиот камп во Кале, познато како Џунгла, Би Би Си утрово објави дека во него се уште има неколку стотина малолетници.

Според медиумот, наводно овие околу 200 малолетници без придружба немале каде да преспијат и поради тоа се се поочајни.

Француската влада соопшти дека околу 5.600 луѓе од понеделникот префрлени од Џунглата во прифатните ценри, Меѓу нив и околу 1.500 малолетници без придружба кои се сместени во камп со монтажни објекти.

Би Би Си наведува дека овој камп станал симбол на мигрантската криза во Европа со неговите жители кои очајнички се обидуваа да стасаат до Велика Британија.

Без коментари

LEAVE A REPLY