Во дуелот на „камени одбрани„ Македонија подобра од Венецуела

0
2218

Македонија одигра уште еден контролен натпревар во рамките на подготовките за ЕП и повторно победи. Овој пат кошаркарската репрезентација на Македонија ја совлада Венецуела на средбата одиграна во Гевгелија, но и покрај тоа што нашите кошаркари не беа многу прецизни и постигнаа само 55 поени , а примија 52 , сепак славеа на оој натпревар кој ќе остане запамптен по малиот број на поени постигнати на оваа средба. Најефикасен на оваа средба во нашата репрезентација беше Трајковски кој мечот го заврши со 10 поени, по девет постигнаа Симоновски и Предраг Самарџиски, а седум Дарко Соколов. На оваа средба Македонија настапи без Војдан Стојановски и Александар Костовски кои поради ситни повреди денес паузираа, но затоа во составот за прв пат беше Ричард Хендрикс, кој на целиот натпревар имаше учинок од 6 поени и 4 скока.

Без коментари

LEAVE A REPLY