Во ДУИ молк по барањето за одговорност од Ахмети и Груби

0
375
Али  Ахмети го игнорира барањето на Рафиз Алити за средба или останок на Централното претседателство. Од ДУИ  велат дека на агендата на Ахмети нема средба со Алити, а дека нема ниту најава за состанок на највисокото партиско тело меѓу два конгреса.
Неофицијално висок партиски функционер на ДУИ за 24 Вести вели дека фактот што на крајот од денот сите пратеници на ДУИ освен Алити, дадоа поддршка за Изборниот законик само докажува дека партијата стои зад договорот од 20 јули. Истиот функционер вели дека пред 10 тина дена Централното раководство расправало за Изборниот законик, особено во делот за бришењето на гласачите и дека Груби според истиот извор веќе реферирал како течат преговорите и дека  тоа е позицијата што е договорена и со САД и ЕУ.