Во две експлозии во Багдад најмалку 24 убиени

0
280

Во најмалку две моќни експлозии кои одекнаа ноќта кон неделата во ирачката престолнина Багдад, загинале најмалку 24 луѓе а уште околу 60 се ранети, јавува телевизијата Sky News Aabia повикувајќи се на безбедносни извори.

Првата експлозија на автомобил бомба одекнала во близна на верски центар, во кој го посетуваат шиитските верници во квартот Карада во неделата рано утрото по локално време. Според полициски извори цел бил посетуван локален ресторан, пренесува агенцијата Sputnik.

Во овој напад загинале 18 луѓе, а уште 45 се ранети со различни степени на повредите.

По извесно време, во северниот дел на ирачкиот главен град, во близината на пазарот ал-Шааб експлодирала импровизирана експлозивна направа. Во овој напад шест лица ги загубиле животите, а други 12 се ранети.

Одговорноста за нападите засега не ја презема ниедна од терористичките групи кои дејствуваат во Ирак, но според властите тие ги носат обележјата на екстремната сунитска групација Исламска држава. Оваа сунитска група се обидува да ги поткопа напорите на ирачката влада да ја осигури безбедноста на Ирачаните.

Трпејќи порази во офанзивата на ирачката армија врз нејзините главни упоришта во земјата, џихадистичката терористичка организација одговара со смртоносни бомбашки напади особено во главниот град Багдад, особено во квартовите населени со шиитски муслимани, во обидите да предизвика тотален конфесионален судир во земјата и во регионот.

Багдад не сцена на последователни бомбашки напади од терористичката Исламска држава кои се интензивираа во јуни, а само за една седмица во градот и неговите предградија во слични напади животите го загубија речиси 200 луѓе. /крај/мф/сн