Загинаа две лица- во две сообраќајни незгоди

0
557

Две тешки сообраќајни несреќи утрово се случија на патниот правец А3 Битола – Прилеп и Демир Хисар – Битола пред селото Лопатица.

Првата сообраќајна несреќа се случила во 02:50 на патниот правец Битола – Прилеп, кај мостот во близина на реката Шемница. Во сообраќајната несреќа учествувале две возила. Едното Хjундаи пони со битолски регистарски таблички, управувано од лице кое имало 32 години и кој починал на лице место од ударот, а другото возило марка Ауди со битолски регистрски таблички во кое се наоѓале две лица кои се здобиле со телесни повреди.

Поради лошите временски услови на патот настанал верижен судир во кој се судриле пет возила, а две од лицата кои се наоѓале во автомобилите се повредени.

Втората сообраќајна несреќа се случила во 07:20 пред селото Лопатица, во која животот на лице место го загубил 23 годишен од Демир Хисар. Според првичните информации возилото марка Фолксваген голф поради засега неутврдени причини излетало од патот, при што возачот починал на лице место.

Информациите ги потврдија  од СВР Битола