Во една вечер режисерот Андреј Цветановски со две театарски претстави

0
532

Претставата „Жени од подземјето“ во режија на Андреј Цветановски, беше изведена во неофицијалната програма на Фестивалот на монодрама Битола.

Како што појасни режисерот Цветановски, во претставата има четири женски ликови на Антигона, Медеја, Електра и Алекстида и тие се сретнуваат со Богот на подземјето и неговиот помошник. По средбата е прикажана и емотивната состојба по средбата со нив.
Во претставата настапува млада актерска екипа: Ангела Димитрова, Душица Настова, Драгана Левенскаи, Алексанра Михајловска, Дамјан Цветановски, Сергеј Димовски. Сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимографијата на Марта Дојчиновска, а музиката на Димитар Андоновски.

Претставата е дел од фестивалот „Дамите на езерото“ што го организира ФАД. Стоби во соработка со културно здружение од Лерин Грција, во рамки на проект за прекугранична соработка со средства од ЕУ.

Покрај оваа претстава на сцената на битолскиот театар, беше изведена претставата Последната ноќ, исто така во режија на Цветановски.