Во Египет пронајдена пирамида стара 3.700 години

0
428

Египетското министерство за надворешни работи соопшти дека археолошки тим пронашол остатоци на пирамида стара близу 3.700 години.

Новата пирамида е откриена во близина на Дашур кралската некропола каде египетскиот фараон Снофру живеел за време на четвртиот век пред новата ера. Заслужен е за изградба на Свитканата и Црвената пирамида во Дашур кои се први примери на египетската архитектура. Го наследил фараонот Кнуфу кој ја изградил пирамидата во Гиза.

Според податоците на министерството, ходниците на пирамидата и плочите со хиероглифи се во одлична состојба.

Адел Окаша, директор на службата кој се грижи за оваа некропола, изјави дека новооткриените остатоци веројатно и припаѓаат на внатрешноста на Бент пирамидата и дека ќе имаат уникатна улога во давање увид во дизајнот на внатрешноста на пирамидата.