Во експлозија кај Алепо стотина жртви

0
654

Најмалку сто луѓе загинале во експлозијата којашто во саботата одекна во близина на конвојот од автобуси кои чекаа да влезат во северниот сириски град Алепо, соопшти Сириската цивилна одбрана, самоорганизирани хуманитарци кои се познати како Бели шлемови, која тврди дека нивните волонтери изнеле најмалку 100 тела од местото на нападот.

Според други извори, досега се потврдени 70 жртви, а повеќе од сто луѓе биле повредени. Сириските медиуми наведуваат дека терористите го ставиле големото количество експлозив во возило со коешто било доставувана детска храна и други прехранбени продукти. Експлозијата се случила во близина на бензинска пумпа, по што избувнал пожар.