Во експлозија на камион во Пакистан ранети над 30 луѓе

0
270

Најмалку 34 луѓе биле ранети во експлозија на паркиран камион бомба на истокот на Пакистан, соопштија локалните власти. Се прецизира дека експлодирал камион со овошје и оти повредените биле главно минувачи. Од силната експлозија се урнал покривот на блиското училиште во Лахоре, главниот град на провинцијата Пунџаб. Лахоре има шест милиони жители, а провинцијата Пунџаб е центар на моќта на сменетиот премиер на Пакистан Наваз Шариф.

slobodnaevropa.mk

Без коментари