Во експлозија на метро станицата Малбек во Брисел загинаа 15 лица

0
314

Две експлозии се случија утрово во 9.15 на метро станицата Малбек во европскиот кварт во Брисел. Според последните информации потврдени од управата на метрото во двете експлозии загинале 15 лица, 45 се повредени од кои 10 се во критична состојба.

Експлозијата се случила во еднен од вагоните на метрото кое во тој момент било застанато на оваа метро станица.

Полицијата целосно го блокираше квартот и побара од сите вработени во европските институции чиј згради се наоѓаат во близината на метро станицата да не ги напушаат работните места.