Во експлозија на пазар во Нигерија 47 загинати

0
277

Најмалку 47 луѓе се убиени а повеќе од 50 се ранети во експлозија во вторникот на пазар во североисточната нигериска држава Борно.

„Добивме најмалку 47 мртви трла, и најмалку 50 луѓе со повреди од пазарот во Сабон Гари каде што попладнево имаше експлозија“, изјавила медицинска сестра од Општата болница во Биу во државата Борно. Според неа, поради тежината на повредите се стравува дека бројот на загинатите може да биде поголем.

Селото Сабон Гари се наоѓа по должината на автопатот Мајдугури – Дамбоа – Биу, се наоѓа на околу 50 километри оддалечен од Биу, најголемиот град во јужниот дел на државата Борно, а 135 километри јужно од главниот град Мајдугури.

„Слушнавме силни детонации околу 1,30 часот. Кога пристигнавме на местото наидовме на мноштво расфрлани тела. Не станува збор за бомбаш самоубиец, бомбата била поставена во торба во центарот на пазарот во време кога најмногу е посетен“, изјавил за агенцијата SaharaReporters Бабагана Иллија,член на цивилната самозаштита во Биу.

Според него, нема сомнение дека зад нападот стои радикалната исламистичка група Боко Харам./крај/мф/сн