Во експлозија на цистерна загинаа 73 луѓе во Мозамбик

0
252

Најмалку 73 луѓе загинаа а повеќе од сто се повредени во четвртокот во експлозија на цистерна во Мозамбик додека се обидувале да извлечат гориво од превртеното возило кое експлодирало, соопштија властите на оваа африканска земја.

Според властите, „цистерната, којашто превезувала гориво од пристанишниот град Беира во Малави и била близу до границата кога се превртела, а луѓето поитале да црпат гориво од превртеното возило, и во тој момент дошло до експлозија“.

Повредените за пренесени во болница, а владиниот тим во петок треба да отпатува во областа каде што се случила несреќата, во покраината Тете околу 2.000 километри од главниот град Мапуто.

Мозамбик е една од најсиромашните земји на светот и постојано има недостиг од храна кој го предизвикуваат сушите