Во експлозија во Атина, повредени се шест лица

0
201

Шест лица се повредени, а едно се води за исчезнато во експлозија што одекна во ресторан за брза храна на атинскиот плоштадот Викторија. Веднаш по експлозијата, објектот се запалил.

Осум противпожарни возила и 20 пожарникари учествуваа во гаснење на пожарот.

Како што јавуваат грчките медиуми, експлозијата најверојатно е предизвикана од истекување на гас за домаќинство.