Во експлозијата на цистерна во Судан 182 загинати

0
121

Бројот на загинатите во експлозијата на цистерна во Јужен Судан се зголеми на 182 лица, соопштија во петокот локалните власти.

Експлозија се случи во средата го толпа луѓе се собра околу цистерната за да црпи гориво откако возилото се превртело на патот.

„Бројот загинати се зголеми на 182. На теренот моравме да евакуираме некои тешки случаи на безбедна локација, за да можеме да им пружиме лекарска помош“, изјавил за Reuters локален функционер од покраината Мариди.

Во јужен Судан речиси и да нема асфалтирани патишта. Станува збор за една од најсиромашните африкански земји во којашто од декември 2013 година трае судирот меѓу владата и бунтовниците, а мировниот договор беше склучен во август, но веќе пропадна./крај/мф/сн