Во експлозијата во Кина изгорени илјадници нови автомобили

0
1620

Во огромната експлозија во кинескиот пристанишен град Тијанџин настрадаа најмалку 50 лица и стотици се повредени. Неколку илјади автомобили од четири производители изгореа на пристаништето.

Педесет загинати и седумстотини повредени лица е последицата од огромната експлозија во пристанишниот град Тијанџин во Кина. Покрај човечките жртви и настрадани лица е предизвикана и голема материјална штета. Производителите на автомобили го користат пристаништето за претовар на нови возила. Повеќе илјади автомобили од четири производители се целосно изгорени во експлозијата. Според кинеските медиуми, околу 2.700 автомобили на Volkswagen се целосно уништени во пожарот, потоа околу 4.000 возила Hyundai и Kia, како и 1.500 возила на Renault. Само францускиот производител има претрпено штета од најмалку 210 милиони јуани, односно 29,5 милиони евра.