Во Феникс измерени рекордни 47,2 степени

0
552

Во главниот град на американската сојузна држава Аризона, Феникс вчера е измерена температура од 47,2 степени Целзиусови, што е рекорд во последните 50 години.

Претходниот рекорд на температурата на воздухот во Феникс е измерен во 1968 година и изнесуваше 46,1 степени.

Метеоролозите предвидуваат дека во одделни делови на Аризона температурата би можела да достигне до 48,8 степени.