Во Германија евакуирани десет илјади лица поради бомба од Втората светска војна

0
2230

Околу десет илјади жители на германскиот град Кобленц беа евакуирани од нивните домови поради пронајдена бомба од времето на Втората светска војна, соопштија денеска градските власти.

Бомбата тежи околу еден тон и е пронајдена при градежни работи во четвртокот. По завршувањето на евакуацијата деминерите ќе ја деактивираат бомбата.

Во Втората светска војна во Германија беа фрлени над два милиони бомби. Над 20 отсто од нив не експлодирале.