Во Гостивар се слави победа на Арбен Таравари

0
342

Според првичните неофицијални резултати објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија, од обработени 50,41 отсто од гласовите во Гостивар води кандидатот на „Алијанса за Албанците“ Арбен Таравари со освоени 7.790 гласови. Неговиот противкандидат од ДУИ, Невзат Бејта има освоено 6.985 гласа.

Во Гостивар веќе се слави победа на Таравари, кој е актуелен министер за здравство.

Кандидатот за градоначалник за Гостивар од редовите на ДУИ, Невзат Бејта, на последната прес-конференција во седиштето на огранокот му ја честита победата на политичкиот противник во вториот круг од изборите, Арбен Таравари.

– Благодарам на поддршката, но мнозинството на граѓаните решија поинаку. Ние изгубивме и му ја честитам победата на мојот опонент. Ние како огранок ќе продолжиме со нашата политичка борба за идните генерации. Ние работевме за доброто на градот, но волјата на граѓаните беше поинаква и тие решија – истакна Бејта.