Во Грција илјадници имигранти бегаат од пожар во бегалски камп

0
307

Илјадници имигранти побегнале во понеделникот вечерта од кампот Морија на островот Лезбос, од пожарот кој можеби е намерно подметнат, објави грчката полиција.

„Меѓу три и четири илјади имигранти побегнаа од кампот Морија“, изјавил полициски извор за AFP, додавајќи дека силниот ветер го засилува огнот. Истиот соговорник на агенцијата наведува дека е голема веројатноста дека пожарот е подметнат.

Ова не е првиот пожар кој избувна во овој пренатрупан камп, но никогаш досега со вакви размери.

На егејскиот остров Лезбос во моментов се наоѓаат 5.650 бегалци и имигранти, на просторот кој може да прими 3,500 лица, според податоците коишто во понеделникот ги објави владата во Атина. Повеќето од имигрантите побарале азил и на овој остров го очекуваат одговорот.

Во Грција во моментов се наоѓаат повеќе од 60.000 имигранти и бегалци, наведува тамошната влада./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY