Во Грција ќе заглават 70.000 бегалци?!

0
324

Грција предупреди дека бројот на мигрантите и на бегалците на нејзина територија може тројно да се зголеми следниот месеци да достигне до 70.000, откако балканските полицајци не дозволуваат поголем број мигранти да ги преминат границите, па илјадници останаа „заробени“ во земјата.

„Пресметавме дека во нашата земја бројот на оние кои се „заробени“ ќе биде од 50.000 до 70.000 следниот месец“, вели Јанис Моузалис, министер за миграција. „Денеска, овде има 22.000 бегалци и мигранти“, вели тој во интервју за Mega Channel TV.

Околу 6.500 луѓе беа заглавени во кампот во Идомени, на грчката страна од границата со македонија о неделата, откако македонските гранични контроли пропуштија само 300 мигранти да поминат, ден пред тоа. Според грчката полицијата, во неделата границата за поминување мигранти остана затворена.

Неколку стотини бегалци протестираа на железничката прга во близина на Идомени, јави фотограф на AFP.

Зголемувањето на бегалците во кампот, кае има место за 1.500 луѓе, почна порано минатата недела, кога Македонија почна да ги одбива авганистанските бегалци и да бара поригорозни контроли на документите на бегалците од Сирија и од ирак.

Но, се очекува ситуацијата да се вложи откако членките на ЕУ, Словенија и Хрватска, како и Србија и македонија, поставија граница од 580 бегалци дневно, кои ќе можат да ги поминат границите.

Ваквата граница се постави по одлуката за намалување на бројот бегалци кои транзитираат кон Германија и Скандинавија или сакаат да останат во Австрија.

Австрија одлучи дневно да дозволи 80 бегалци да побараат азил и да пуштаат 3.200 мигранти кои транзитираат натаму.

Ова резултираше со негативен ефект врз Грција, каде мигрантите пристигаат најмногу од соседна Турција.

Илјадници, вклучително и деца, чекаат да влезат во некоја од земјите на Европската Унија, во најголемата бегалска криза што го има зафатено континентот од Втората светска војна наваму./крај/мф/бб