Во Грција со полн паричник и резервоар

0
207

Мерките за контрола на капиталот не важат за оние што сакаат да повлечат пари од банкомат или извршување на друг вид трансакција со кредитна или дебитна картичка издадени во странство

Ако заминувате во Грција, за секој случај, имајте полн паричник и резервоар. Македонските банкари велат дека сепак повеќе од 2.000 евра не може да се носат, тоа е ограничувањето што може да го имаат македонските граѓани кога патуваат во странство без документ, а од 2.000 евра до 10.000 евра со документ од полиција. Клучот на врата за грчките банки и берзата предизвикаа лавина реакции и непознати и за македонските граѓани. Но, од туристичките агенции велат дека Македонците вообичаено носат кеш кога одат на одмор во Грција. Тоа не е практика само годинава поради ситуацијата, туку и претходно на одмор кај јужниот сосед македонските туристи оделе со кеш.

Од туристичките агенции велат дека нема откажувања ниту на аранжманите.

Со соопштение вчера реагираа и од грчкото Министерство за економија, инфраструктура, транспорт и туризам, од каде што велат дека мерките за контрола на капиталот воведени од страна на грчката Влада не важат за оние кои сакаат да се повлечат пари од банкомат или извршување на кој било друг вид трансакција со кредитна или дебитна картичка издадени во странство.

Освен пред банкоматите, редици има и пред бензинските пумпи. Грчките медиуми јавуваат дека граѓаните стравуваат од поскапување на горивата, па сакаат да се обезбедат на време.