Во Грција водат противниците на предлогот на ЕУ и ММФ

0
120

Грција и рече НЕ на Европа. Според првите прелиминарни официјални резултати, врз основа на десет отсто изброени гласови, на денешниот референдум победи опцијата против предлозите на ЕУ и ММФ. На Интернет страницата на грчкото Министерство за внатрешни работи, соопштено е дека „Не” на референдумот заокружиле 59,9 отсто од избирачите, а 40,1 отсто од Грците заокружиле „Да”.

Според проценките на телевизиите со „не” гласале 52 отсто од избирачите, а за прифаќање на предлогот на ЕУ и ММФ 48 проценти.Се бираше помеѓу планот на Владата предводена од премиерот Алексис Ципрас или за предлогот на меѓународните кредитори за решавање на должничката криза.
Владиниот портпарол Гаврил Сакеларидис изјави дека грчката Влада сака да ги обнови преговорите со меѓународните кредитори неодложно, за да постигне договор. Претседателот на Франција и германската канцеларка, Франсоа Оланд и Ангела Меркел изјавија дека утре ќе се сретнат во Елисејската палата во Париз, за да разговараат за Грција.