Во Грција заглавени 20 илјади бегалци и мигранти

0
543

Во моментов во Грција има околу 20.000 заглавени бегалци и мигранти, додека нивниот број на граничниот премин Идомени со Македонија алармантно се зголемува и приемниот камп го достигна својот капацитет, објави грчкото Министерство за миграциска политика. Според Министерството, центрите за прием во Атика се преполни. Вкупно 2.000 луѓе во моментов престојуваат во кампот поставен во поранешните олимписки објекти во Елинико, 1.200 во центарот во Елеонас, 1.200 во Схисто и 1.150 чекаат на пристаништето Пиреја.

Без коментари

LEAVE A REPLY