Во Грција запленет трговски брод со експлозиви

0
1275

Грчките пристанишни власти заплениле трговски брод со експлозиви. Бродот од Турција пловел за Судан, јави весникот „Етнос“. Бродот „Меконг спирит“ пловал под знамето на Малта.

Превезувал контејнери со експлозиви, прекршувајќи ги ограничувачките мерки, наметнати од ОН и ЕУ кон Судан заради безбедносната ситуација во оваа земја. Екипажот на бродот се состоел од 15 морнари. Сите тие биле странци.