Во Хановер евакуирани 7.500 лица поради неексплодирани бомби

0
363

Германските власти  евакуираа 7.500 лица и затворија магистрала во Хановер за да прочистат неколку места од неексплодирани бомби од Втората светска војна, јави ДПА.

Деминери открија повеќе неексплодирани бомби на три локации. Местата биле одбележани како локации за кои се потребни подетални проучувања уште за време на претходниот ремонт на магистралата А2. Во денешните истражувања била откриена британска авионска бомба, која според деминерите не е опасна, како и американска мина, која подоцна била деактивирана, изјави портпаролот на локалната проптивпожарна команда.