Во Холандија се појави боенка со Хитлер

0
282

Управата на синџирот холандски аптеки Круидват нема објаснување како ликот на Адолф Хитлер се нашол во една од боенките што ги продаваат, која предизвика згрозување на холандската јавност.

„Се извинуваме и длабоко жалиме“, соопшти портпаролот на Круидват за холандската новинска агенција АНП. „Навистина не знаеме како тоа се случило и покрај бројните проверки“.

Боенката е повлечена од продажба откјако на фејсбук страницата на компанијата почнале да пристигнуваат жалби.

Станува збор за боенка со историски личности, печатена во Индија, а од управата тврдат дека немале поим дека покрај великаните на човештвото како Нелсон Мандела, Абрахам Линколн и Алберт Ајнштајн се „втурнал“ и нацистичкиот злосторник, сосе свастика.

Боенката ја изработила компанија од Белгија и најверојатно никој не проверил кој сѐ се наоѓа во неа.

www.mkd.mk