Во игра се четири опции или нови избори

Во игра се четири опции или нови избори

0 800

Во игра се четири опции, изјави синоќа лидерот на ДУИ, Али Ахмети во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21. И покрај огромната упорност и умешност на водителот во поставувањето на сите клучни прашања, Ахмети одбегна да даде конкретни одговори.

„Пред да почнат преговори со ВМРО-ДПМНЕ, треба да биде завршена анализата за тоа во каков правец ќе оди ДУИ и какви позиции ќе има: дали ДУИ ќе влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, дали со СДСМ, дали ќе излезе со понуда за техничка, таканаречена проширена влада како што имавме до 11 декември 2016, или пак можеби ДУИ ќе донесе одлука да биде во опозиција. Сите овие опции се отворени“, изјави Ахмети.

Тој не сакаше да ги коментира предизборните реторики на двете најголеми македонски партии – ниту националистичката реторика на ВМРО-ДПМНЕ ниту граѓанската на СДСМ, за која изрази доза на сомневање бидејќи не ја видел во конкретна програма.

„Јас верувам во акти кои ги гледам на лист. Народот вели – зборовите ги носи ветерот“, рече Ахмети.

На забелешката дека ја релативизира реториката на досегашниот партнер, Ахмети се огради со став дека нема да биде адвокат ни на едната, ни на другата партија.

„Не верувам во тоа што е кажано само за дневно политички поени. Јас добро ги познавам и двете страни, и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Тие воопшто не се разликуваа кога стануваше збор за третирање и унапредување на албанските прашања. Ние не бараме ни повеќе ни помалку од она што е предвидено со Охридскиот договор, кој наложува употреба на албанскиот јазик, а овој договор се одразува врз Уставот на РМ“, рече Ахмети.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.