Во Италија почна гласањето на референдумот за уставни промени

0
445

Во Италија почна гласаањето на референдумот за уставна реформа.

Гласачките места беа отворени во седум часот по локално време. Гласањето ќе се одвива до 23 часот и во него може да учествуваат над 46 милиони избирачи. Првите резултати од референдумот се очекуваат во текот на ноќта.

Уставните промени имаат за цел јакнење на централната власт и радикална промена на парламентот преку ограничување на моќта на Сенатот.