Во Италија уапсен Алжирец поврзан со нападите во Брисел

0
346

Италијанската полиција уапсила 40-годишен Алжирец идентификуван како Џамал Едине Уали кој е осомничен дека ги изработил лажните лични документи коишто ги користеле терористите во неодамнешните бомбашки напади во Брисел, како и во Париз во ноември минатата година.

Според италијанските медиуми, Алжирецот бил уапсен од антитерористичката единици DIGOS во гратчето Белица, во близина на Салерно во јужна Италија

Џамал Едине Уали бил уапсен врз основа на потерница издадена од белгиската полиција, којашто неговото име го пронашла на некои од документите за време на претресите во еден стан во бриселско предградие во октомври минатата година.

Италијанската полиција за апсењето на Уали уште во саботата вечерта ги известила белгиските колеги, а неговото екстрадирање се очекува во следните неколку денови, пишуваат во неделата италијанските медиуми.

Белгија во саботата обвини три лица за тероризам и поврзаност со нападите кои на 22-ри март беа извршени на бриселскиот меѓународен аеродром и во подземната желница во кои беа убиени 31 човек и ранети 316 луѓе./крај.мф/сн