Во изминатите 24 часа издадени 1.983 потврди на мигранти

0
162

Во изминатите 24 часа издадени се вкупно 1.983 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на азил на мигранти кои транзитираат низ Македонија. Од нив,  1.241 се мажи, 324 жени, 304 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 114 деца кои патуваат без родител.

Најбројни се Сиријците (1.142), потоа Авганистанците (392), државјаните на Ирак (342)…..

Како што соопшти МВР досега се издадени потврди на вкупно  92.758 мигранти, од кои 61.732 се мажи, 12.608 жени, 15.460 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и 2.958 деца кои патуваат без родител.

До Одделението за азил во изминатите 24 часа не се поднесени барања за признавање на право на азил, а досега се поднесени 49 вакви барања при што 36 се барања од државјани на Сирија, три барања од државјани од Пакистан и Авганистан и по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак.