Во Јапонија поради жештините 4.000 хоспитализирани, осум лица починаа

0
346

Најмалку четири илјади лица се хоспитализирани во Јапонија поради високите температури изминатата недела, а осум од нив починале, соопшти противпожарната служба, која исто така ги извршува фуникциите на службата за вонредни ситуации и брза помош.

Од крајот на април поради жештини во болниците на Јапонија се хоспитализирани над 25.000 лица. Повеќето од нив се возрасни луѓе, кои живеат на село и работат на отворено.

Јапонија е зафатена од топол бран од средината на јуни, а просечната температура оттогаш е околу 35 Целзиусови степени.