Во Јужен Судан убиени 150 војници во судирите во Џуба

0
302

Во Џуба во саботата продолжуваат тензиите на петтата годишнина од независноста на Јужен Судан по судирите од претходниот ден меѓу припадниците на Суданската народноослободителна војска (SPLA) и бунтовниците од истоимената група SPLA која е во опозиција, во кои загинале повеќе од 150 војници.

Последните насилства се нови проблеми во кревкото примирје од мировниот договор потпишан во август 2015 година меѓу претседателот Салве Киир и челникот на бунтовниците во тоа време потпретседател Риека Мачер, чиишто сили се судираат од декември 2013 година.

Овие судири дополнително ја засенија годишнината од независноста на најмладата држава во светот. Мировниот договор е многу кревок, а населението ја трпи најголемата глад во историјата. За разлика од претходните години, не беше организирана никаква прослава на независноста, официјално образложено со недостиг од пари.

Во петокот вечерта судирите избувнаа околу претседателската палата додека Киир и Мачара подготвуваа заедничко соопштение за првиот инцидент, во петокот во главниот град одекнуваа истрели од автоматско оружје и тешка артилерија, во саботата портпаролот на Риека Мачер објави дека се убиени повеќе од 150 луѓе.

Насилствата продолжуваат во време на одбележувањето на петтата годишнина од независноста која Јужен Судан ја извојува по долгата војна. Но половината од тие пет години е одбележена со жестоки судири поради ривалството меѓу Киир и Мачар.

Од декември 2013 година во судирите загинале повеќе десетици луѓе. Судирите предизвикаа хуманитарна криза и присилија три милиона луѓе да избегаат додека пет милиони зависат од итна помош во храна.

Во рамките на мировниот договор меѓу Киир и Мечар, вториот во април се врати во Џуба каде е повторно поставен за заменик претседател и заедно ја основаа националното единство./крај/мф/сн