Во Канада прогласена вонредна состојба

0
929

Околу 180 шумски пожаро избувнале вчера во канадсаката провинција Британска Колумбија, поради што се евакуирани 3.000 домаќинства и прогласена е вонредна состојба.

Пожарот зафатил подрачје во внатрешноста на покраината долго стотици километри, при што високите температури и ветерот ја отежнувале работата на пожарникарите.

Пожарите почнале уште во петокот, кога биле пријавени 138, а во поголемиот број слуачи биле предизвикани од таканаречени суви молњи.

Засега нема податоци за повредени и загинати. Локалните функционери немаат податоци ни за обемот на штетите, но некои од евакуираните жители велат дека биле сведоци на уништување на домовите и имотот. Некои од нив немале доволно време ни да се спакуваат, а оние кои биле затекнати надвор од куќите се плашат дека пламенот им уништи сѐ .

Вонредна состојба во Британска Колумбија била прогласена последен пат во 2003 година, кога провинцијата исто така била зафатена од пожари.

Без коментари