Во Казан „мириса„ на романтика!

0
1519

Работнички попладнево од 18.00 часот на стадионот во рускиот град Казан ќе се обидат да ги испишан златните букви во историјата на клубот и македонскиот фудбал. Оптимистички расположени и во релаксирана атмосфера за да се заборави притисокот кој го носи овој натпревар играчите се подготвуваат за вечерашниот меч. Тренерот Игор Ангеловски се одлучи со офанзива да го нападне Рубин, па затоа најверојатно во составот ќе ги има Божиновски на голот, во одбраната Ристевски и Иливески како стопери, Цикарски и Силјановски како бекови, пред нив во средниот ред ќе играат Вујчиќ и Трајчевски. Пред нив ќе биде тројката Алтипармаковски во средина, Анене на левата и Сахити на десната страна, додека централен напаѓач ќе биде капитенот Илијоски.

Без коментари

LEAVE A REPLY