Во Кина експлодирала уште една хемиска фабрика

0
1962

Уште една огромна експлозија одекнала во Кина, овојпат во индустриската зона на градот Донгјинг на истокот на земјата, јавил кинескиот државен дневник Пиплс дејли.

Експлозијата се случила нешто пред полноќ по локално време, во областа на хемиската фабрика. Сѐ уште не се знае ништо за причините на експлозијата, а не се знае ни дали има жртви.

Тресење на тлото предизвикано од експлозијата се почуствувало во радиус од два километри околу фабриката.

Без коментари

LEAVE A REPLY