Во Кина отворен најдолгиот стаклен мост на светот

0
413

Во Кина официјално е пуштен во употреба најдолгиот во светот стаклен мост кој го премостува Големиот кањон во Националниот парк Жангцјаце во провинцијата Хунан, објави во саботата агенцијата China News Service.

Мостот е долг 430 метри, широчината изнесува шест метри, а височината на којашто се издига е 180 метри над земјата. Мостот рекордер се состои од 99 трислојни проѕирни панели од стакло. Според агенцијата Xinhua, изградбата на овој мост чинела 3,4 милиони американски долари.

Како што пренесува China News Service, билетарниците за мостот биле отворени во 7 часот утрото по локално време (1 часот по полноќ по македонско време), а веќе во осум часот утрото сите билети биле распродадени. Некои туристи надвор од организираното премиерно минување на мостот минале цела вечер пред билетарницата. Во саботата беше првиот официјален ден на отворање на стаклениот висечки мост, откако мина периодот на тестирање. Тој ќе биде отворен за посетителите секој ден од 7 до 17 часот по локално време.

Во извештаите се забележува дека во моментов е бројот на посетителите кои можат во исто време да престојуваат е ограничен на 600 лица. Претходно беше објавено дека мостот ќе може да издржува истовремено 800 посетители. Максимално количество луѓе коишто можат дневно да го посетат мостот е 8.000 луѓе. Билетите може да се купат на касата, или да се резервираат преку интернет, и притоа закажувањето на посетата на мостот треба да се закаже најмалку еден ден претходно.