Во Кина приведени 197 луѓе поради ширење на гласини

0
541

Во Кина се приведени 197 лица поради ширење на гласини преку интернет за неодамнешниот пад на индексот на водечките кинески берзи и експлозијата во магацинот со токсични материи во пристаништето Тјанцин.

Меѓу приведените се новинар и претставници на берзата.

Една од гласините е дека маж извршил самоубиство во Пекинг поради падот на берзата, како и дека во експлозијата во Тјанцин загинале дури 1.300 луѓе, а всушност загинаа најмалку 150 лица.