Во Климент Охридски ќе се изучува францускиот јазик

0
353

Во ОУ „Св.Климент Охридски“ се отвори паралелка по француски јазик  која сега засега брои 19 ученици од шестто одделение. На отварањето присуствуваше и амбасадорката на Р. Франција, Лоренс Оер која истакна дека е среќна што ОУ „Св. Климент Охридски“ доби француска паралелка и додаде дека со нејзиното присуство сака да ги охрабри учениците во што поголем број да го изучуваат францускиот јазик. Директорката  на ова училиште Андријана Мигуловска вели дека интересот за изучување на овој јазик е голем, но очекува бројот на ученици од наредната година уште повеќе да се зголеми. До сега учениците во ова училиште го изучуваа само англискиот и германски јазик.